Пеналот за Вардар против Струга e чист! (ВИДЕО)

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) потврди дека пеналот кој го доби Вардар против Струга бил правилно досуден.

Во 51. минута Вардар доби пенал кој крена многу полемики, дали топката го удри во рака Илиевски. По прегледувањето на ВАР снимката судијата одлучи дека е најстрога казна. А, сега оваа одлука како исправна ја потврдува и судиската комисија.

„Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија информира дека одлуката донесена во 51. минута од натпреварот помеѓу Вардар и Струга Трим Лум, одигран во рамките на 9. коло од Првата македонска фудбалска лига, е исправна.

По преглед на видео снимката, беше потврдено дека по центашутот на Маневски, одбранбен играч на Струга Трим Лум, Илиевски играл со рака во сопствениот казнен простор, по што главниот судија со помош на ВАР технологијата правилно досуди казнен удар во корист на домашниот тим.

Судиската комисија ја потврдува правилноста на одлуката, која е во целосна согласност со Правилата на играта и ВАР протоколот“, стои во соопштението на Судиската комисија.

Вардар не го реализираше пеналот, Мато промаши. Дербито на крајот заврши 2-2.