Депонија околу клупата на Мурињо, фановите на Порто го гаѓаа со што стигнат! (ВИДЕО)

Синоќа се одигра португалското класико меѓу Порто и Бенфика, а Жозе Мурињо не беше добро пречекан од своите поранешни фанови.

Мурињо со Порто најпрво го освои Купот на УЕФА, а потоа направи вистинска сензација освојувајќи ја и Лигата на шампионите.

Но, откако потпиша за најголемиот ривал на Порто, екипата на Бенфика, тој стана непријател за навивачите на сино-белите.

Тоа се виде вчера кога фановите на Порто фрлаа со разни предмети кон Жозе Мурињо, околу клупата буквално беше како депонија. Португалецот ги собираше работите кои летаа на теренот.