
Ѓоковиќ се мачи во Шангај - два пати поврати на мечот со Хафман (ВИДЕО)
Очигледно не е навикнат на тоа, па на вчерашниот меч против Хафман, два пати мораше да поврати на теренот. Првиот пат не беше многу сериозно, тоа го направи во аголот од теренот, но вториот, на пауза меѓу два гема, мораше да поврати покрај својата клупа.
Тој не е единствен кој се бори со временските услови, на неколку играчи досега им се слоши, но турнирот сепак продолжува. Утре Ѓоковиќ го очекува мечот од третото коло против Хауме Мунар од Шпанија.