Првенец на Миовски во лигата, но недоволен за победа против Фалкирк (ВИДЕО)

Ренџерс не успеа да го победи ниту Фалкирк (1-1) во шкотскиот шампионат, иако македонскиот напаѓач Бојан Миовски му донесе водство во првиот дел на поранешниот шампион.

Миовски го запиша првенецот во дресот на Ренџерс во лигата, откако во 41. минута го пронајде патот до мрежата на Фалкирк.

Домаќините се разиграа во второто полувреме и често се закануваа кон голот на Ренџерс, а конечно одбраната ја проби Картрајт во 73. минута (1-1).

Standings provided by Sofascore

Фото: Rangers FC