
Мато прво утна пенал, па постигна гол откако ја прати по семки цела одбрана на Струга! (ВИДЕО)
Точно на истекот на еден час игра, голгетерот на Вардар „измести“ двајца противнички фудбалери и ја смести топката зад голманот на Струга за 1-1, само пет минути откако не успеа да реализира најстрога казна.. Струга сепак, веќе во 63. минута одново го врати водството со гол на Компаоре.