Недела за паметење во семејството Калјверт, стрелаа сите тројца синови на легендата!

Зад семејството Калјверт е една одлична недела и легендарниот Патрик сигурно може да биде горд на неговите синови кои активно се занимаваат со фудбал.

Имено, во изминатата недела сите три сина на славниот фудбалер беа стрелци за своите тимови.

Прв во листата на стелци се запиша 18-годишниот Шејн Патрик кој е дел од младинскиот тим на Барселона и беше стрелец во натпреварот против ПСЖ од младинската Лига на Шампионите.

Само еден ден подоцна 24-годишниот Рубен Клајверт кој ги брани боите на Лион беше стрелец во победата над Салцбург во Лигата на шампоните од 2-0.

Последен на 3-октомври блесна, Џастин Клајверт кој постигна прекрасен гол во триумфот на неговиот Бормут над Фулам во англиската Премиер лига.