
Брера од пенал до бод против Башкими, реми меѓу Шкупи и Работнички
Единствениот гол во првото полувреме во Струмица го постигна Емануел Аворнио во 35. минута кога ја затресе мрежата на Брера, по што домашниот состав бараше начин да ја анулира негативата.
Брера конечно ја проби одбраната на ривалот во финишот од средбата, кога Ндзенге од пенал погоди за 1-1.
Шкупи среќно стигна до водство против тимот од Дебар Маало, откако младиот голман Петар Јакимов имаше лоша интервенција, а одбиената топка стигна до Ерион Шуку кој стрелаше за 1-0.
Работнички успеа да израмни по 15 минути игра во второто полувреме, кога Адем стрелаше за конечни 1-1 и со тоа тимот од Дебар Маало си обезбеди бод.
Standings provided by Sofascore