Пјастри најбрз на тренингот во Сингапур, Норис и Леклер имаа бизарен судир (ВИДЕО)

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри беше најбрз на вториот тренинг пред трката за Големата награда во Сингапур, но тренингот го одбележа и бизарниот судир меѓу Шарл Леклер и Ландо Норис.

Норис и Леклер при излегување од пит-боксот имаа бизарен судир, односно возачот на Ферари по едно невнимание налета директно на ривалот од Мекларен.

Возачот на Мекларен не можеше да избегне судир, па притоа го оштети и болидот, додека Леклер помина без посериозни оштетувања.