Добра вест пред Белгија и Казахстан: Муслиу најдобар за септември во својот тим

Фудбалската репрезентација на Македонија месецов ја очекуваат два натпревари во кои ќе играме против Белгија дома и Казахстан на гости, а пред овие дуели добра вест пристигнува од Белгија.

Имено, дефанзивецот Висар Муслиу кој е повикан и за овој репрезентативен собир пристигнува во добра форма и тоа како фудбалер на месецот во својот Сент Труден. Муслиу е стандарден во белгискиот тим и ги одигра сите натпревари во првите девет кола, а очигледно посебно се истакнал во последните три средби овој месец.

Сент Труден се наоѓа на шестата позиција со 14 освоени бодови, но на последните три средби претрпе три порази. Сепка, очигледно Муслиу прикажал игра со која ги освоил гласовите на фановите.

Македонија првиот натпревар ќе го игра во Гент против Белгија на 10 октомври, додека три дена подоцна ќе го пречекаме Казахстан.