Звезда има за што да жали, Мора во 90. минута донесе ерупција во Порто (ВИДЕО)

По ремито со Селтик, Црвена Звезда вечерва го запиша првиот пораз сезонава и тоа на гости кај Порто со 2-1.

Не тргнаа добро работите за Звезда и Порто уште во осмата минута доби пенал кој во гол го претвори Вилијам Гомеш. Белградскиот гигант до израмнување стигна по половина час игра кога 17-годишниот Василије Костов постигна убав гол по една интервенција од одбраната на Португалците.

Во продолжение Звезда беше подобар противник и создаде добри прилики, а кога не ги реализираше стигна казната преку Мора кој ја погоди мрежата на Матеус по една контра во 90. минута.

 

Ренџерс на Бојан Миовски го претрпе и вториот пораз откако вечерва со 2-1 шкотскиот тим загуби на гости кај Штурм Грз. Македонскот напаѓач го одигра цело второ полувреме кога влезе во игра на местото на Антман.

Динамо Загреб стигна и до втората победа, повторно со 3-1 откако вечерва со тој резултат го совладаа Макаби на гости. Домаќините први постигнааа гол во 14. минута, но Хрватскиот гигант со голови во 16. и 19. минута направи целосен пресврт.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Баел - Штутгарт 2-0

Селта - Паок 3-1

Генк - Ференцварош 0-1

Лион - Салзбург 2-0

Нотингем  Форест - Мјитиланд 2-3