
Надежите до 18 години поразени од Словачка во вториот натпревар
Моментот на одлука се случи во 57. минута кога Давид Полтај ја погоди мрежата на нашите фудбалери. Голема прилика за гол Македонија пропуши во 88. минутаа од средбата.
Претходно две полушанси имаше Буцевски, но неговите удари кон крајот на првиот дел не биле прецизни. Претходно во првиот натпревар Македонија и Словачка ремизираа одигрувајќи 2-2.
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА:
12. Дарко Јовчев, 2. Албан Рочи (80` 4. Стефан Стаматоски), 3. Стефан Секирски, 5. Андреј Димовски, 7. Дамјан Буцевски (61` 9. Матеј Сејменов), 8. Габриел Талевски (80` 17. Славчо Мисајловски), 11. Мартин Ѓоргиев (72` 10. Иван Танчев), 13. флори Иљази, 16. Флорент Османи (61` 18. Иво Марковски), 19. Лука Варошаноски, 20. Бојан Велков; Селектор: Димитар Капинковски.