
Водеа битка со Шкендија, сега се хит во ЛШ - со два натпревара заработија милиони!
Тимот од Азербејџан вчера го совлада дански Копенхаген со 2-0 со што останаа максимални во најелитното европско натпреварување, со таков учинок се уште пет екипи и тоа: Арсенал, Интер, ПСЖ, Реал Мадрид и Баерн, па јасно е дека Азербејџанците се во елитно друштво.
Во првото коло во драматичен натпревар ја совладаа Бенфика со 2-3 и тоа откако имаа негатива од 2-0 со што покажаа и ментална сила, додека вчера против Копенхаген немаа поголеми проблеми и славеа со 2-0.
Овие победи значат и полна каса, ако се знае дека секоја победа во елитното натпреварување носи околу два милиони евра, досега со само двее средби не сметајќи ги оние во квалификациите тие заработија над четири милиони евра.
Во следното коло Карабах го чека гостување кај Атлетик Билбао кој во првите две средби забелажа два порази.