
Македонските клубови четири пати играле со Шпанци – немаат победа и постигнаа само еден гол
Последен кој се сретна со Шпанци беше Вардар во групниот дел од Лигата Европа во историскиот настап во 2017 година. Тогаш „црвено-црните“ во третото и четвртото коло играше против Сосиедад, но тие натпревари не се во добро сеќавање на навивачите на скопскиот клуб затоа што вкупната гол разлика од нив е 0-9 (0-6 во Скопје и 0-3 во Сан Себастијан).
Многу пред Вардар да игра со Сосиедад, во 2000 година, Пелистер ѝ беше ривал на Селта во Интертото купот кој повеќе не постои. Откако ги елиминира Хобшајд од Луксембург и Вастра Фролунда од Шведска, битолчани се сретнаа до клубот од Виго и на теренот не се посрамија иако имаше некои работи пред мечот во Шпанија кои навистина беа за срам. Селта на домашен терен славеше со 3-0, а во Битола беше 2-1 за шпанскиот клуб.
На четирите меча на македонските клубови против ривали од Шпанија не само што се претрпени четири порази, туку вкупна гол разлика изнесува 1-14.