
Мерењата го изненадиле Дончиќ, повторно е потежок од минатата сезона!
Во текот на летото се пишуваше за формата на Дончиќ и килограмите кои ги изгубил, меѓутоа тој и сега има 111 килограми. Сепак, сега американските медиуми тоа го препишуваат на покачената мускулна маса.
Ќе потсетиме, Дончиќ по критики поради тежината започна со режим на исхрна и работа во теретена, а и самиот зборуваше дека никогаш претходно не тренирал повеќе без топпка.
Одредени фитнес тренери велат дека неговото тело сега поминува низ една трансформација, па така тие седум килограми повеќе не би требало да претставуваат проблем на паркетот.
Тоа го покажа Дончиќ и на теренот во текот на Евробаскетот со настапите за Словенија.
Фото: FIBA