
Ѓорческа со победа над поранешна најдобра на светот го почна настапот во Турција!
Македонката имаше фантастичен финиш на првиот сет, во кој со два брејка во низа и четири освоени гема по ред дојде до стартно водство. Лина одлично го почна и вториот сет, освојувајќи четири од првите пет гема со што дојде до предност која умешно ја задржа до крајот. Плишкова беше број еден на ВТА-листата во јули 2017 година, има триумфирано на 17 турнири и заработено 26 милиони долари.
Следен противник на Ѓорческа ќе ѝ биде осмата носителка, Софија Костулас (Романија). Турнирот во Самсун се игра за награден фонд од 115.000 долари.