Турците мангупски го исмеаја Ливерпул по големата победа во Истанбул (ФОТО)

Екипата на Галатасарај направи сензација во второто коло од Лигата на шампионите, совладувајќи го Ливерпул во Истанбул со што предизвика еуфорија кај домашните навивачи.

Хит по натпреварот станаа социјалните мрежи на турскиот клуб, на кои администраторите го исмејаа англискиот гигант.

„Можеби никогаш нема да одите сами, но понекогаш ќе се вратите без бодови“, напиша Галатасарај на „Икс“, директно алудирајќи на химната на Ливерпул.

Победата ја донесе Виктор Осимхен со гол од пенал во првото полувреме, а домаќините во продолжение успешно ги неутрализираа сите обиди на „црвените“. Ливерпул делуваше бледо, без идеја и енергија, а најскапите засилувања како Флоријан Вирц и Александар Исак повторно не ја оправдаа довербата.

Тренерот Арне Слот по мечот призна дека неговиот тим бил инфериорен.

„Разочаран сум. Создадовме премалку шанси, пред сè затоа што Галатасарај се бореше до крај, а и играта беше прекинувана премногу пати.“

Истанбул гореше во навивачка еуфорија, и покрај тоа што цените на билетите достигнаа и до 1.000 евра.