„Петарда“ во мрежата на Интер Мајами за збогување со првото место (ВИДЕО)

Интер Мајами ги загуби шансите за првото место на табелата во Источната конференција по завршувањето на основниот дел од сезоната откако ноќеска загуби на домашен терен од Чикаго Фајр со 3-5.

Тимот од Флорида постојано беше во негатива, два пати губеше со по два разлика (0-2 и 1-3), но во последните 15 минути влезе со 3-3, благодарение на двата гола на Луис Суарез. Сепак, во 80. минута, Чикаго повторно поведе, со 4-3, а три минути подоцна го постави конечниот резултат.

Така, Интер Мајами не го искористи фактот што имаше неколку натпревари помалку и на три кола пред крајот на основниот дел има седум бода повеќе од лидерот на Истокот, Филаделфија Јунион, а тимот на Меси се наоѓа на петтата позиција во моментов. Да биде поинтересно, на Интер не му е обезбеден ни пласманот во плејофот бидејќи Чикаgo има пет бода помалку.