
Дубаи и Хапоел со триумфи ја почнаа новата сезона во Евролигата
Првата четвртина помина израмнето меѓу Хапоел Тел Авив и Барселона (26-26), по што домаќинот успеа да направи разлика пред крајот на првиот дел и на паузата да замине со 51-45.
Барселона не успеа да одговори на стартот на вториот дел, а тоа го искористи Хапоел за да поведе со +16 (77-61). До крајот на мечот немаше премногу возбудувања, односно домаќинот триумфира со 103-87.
Најефикасен во победата беше Блејкни со 20 поени и еден скок, додека Клејбрн постигна 23 поени, седум скокови и две асистенции за Барселона.
Дубаи беше одличен од самиот старт против Партизан и ја доби првата четвртина со двоцифрена предност (28-18), по што црно-белите од Белград успеаја да намалат на 40-47 на полувреме.
Партизан со одличниот почеток во второто полувреме стигна и до пресврт 48-47, но набрзо следеше одлична серија од Дубаи по која немаше враќање за српскиот тим (89-76).
Најдобар на паркетот беше Бертанс со 20 поени, три скокови и четири асистенции за Дубаи, додека Џонс постигна 13 поени и шест скокови за Партизан.
Фото: Dubai Basketball Club