Клоп добил понуда од соништата, но веднаш кажал „не“!

Германецот Јирген Клоп одговори по шпекулациите дека ќе се врати на тренерската работа и ќе добие ангажман во Саудиска Арабија.

Клоп во моментов е шеф за глобален развој на фудбалот во Ред Бул, а откри дека му понудиле висока плата од С. Арабија повторно да биде тренер.

„Не сакам да работам како тренер повеќе. Во моментов имам 58 години, не ми недостига тренерската работа“, вели Клоп.

Медиумите пишуваат дека Клоп добил богата понуда од Ал-Итихад, но парите не го убедиле Германецот да се врати на клупата.