
Конте најави експеримент со Елмас - ќе го игра како десен бек?!
Имено, Мурињо во овој натпревар би можел да го користи Елмас како десен бек позиција на која македонскот фудбалер досега никогаш не играл во кариерата.
Причина за ваквиот можен експеримент се повредите и суспензиите со кои се соочува Наполи пред овој натпревар.
„Спинацола и Оливера тренираат индивидуално, но ќе ги чекаме до последен момент, а ако не се опорават ќе бараме решение Доколку имате идеја, слободно дајте ми предлог. Дури и да сакам да ја променам формацијата (да игра со петмина во последниот ред), не можам да го сторам тоа бидејќи имаме само двајца централни дефанзивци на располагање. Една опција е Елмас да игра како десен бек, ќе почекаме, па со моите соработници ќе донесеме решение“, изјави Конте.
Натпреварот против Спортинг, Наполи го игра утре од 21:00 часот и во него влегува по поразот од Манчестер сити во првото коло со 2-0.
Фото: EPA/CIRO FUSCO