
Пекол во Истанбул: Турците цела ноќ ги „малтретираа“ фудбалерите на Ливерпул (ВИДЕО)
Група од најверните поддржувачи на турскиот клуб се собраа пред хотелот каде што е сместена англиската екипа и со огномети и гласни скандирања направија пекол. Ваквиот начин на притисок врз противникот е карактеристичен за турските навивачи, кои важат за едни од најстрастните во Европа и често настојуваат да создадат пеколна атмосфера за гостинските тимови.
Историјата на меѓусебните дуели покажува дека Галатасарај и Ливерпул имаат по една победа во официјалните четири средби досега. Во првото коло од тековната сезона, Галатасарај доживеа тежок пораз од Ајнтрахт Франкфурт со 1-5, додека Ливерпул успеа да слави со 3-2 против Атлетико Мадрид.