Поранешен европски шампион во бокс настрада во сообраќајка – се бори за живот (ВИДЕО)

Познатиот босански боксер, Дамир Белјо (40), е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи синоќа, во близина на местото Полог на магистралниот пат меѓу Мостар и Широки Брег.

Според информациите од полицијата, во судирот тешко се повредени и двајца млади патници од другото возило. Белјо со својот „фолксваген“ се судрил фронтално со „мерцедес“, управуван од 22-годишниот М.Г., во кој се наоѓал и совозачот М.Б.Т. (23). Двајцата патници од „мерцедесот“ се здобиле со повреди опасни по живот. Во несреќата учествувал и возач на камион марка „Ман“, М.Б. (1979), кој за среќа поминал без повреди. Од неговиот резервоар се излила поголема количина гориво, што заедно со увидот предизвикало блокада на сообраќајот во тој регион неколку часа.

Бељо е седумкратен шампион на БиХ и поранешен троен европски првак во крузер категоријата (WBO). Во професионалната кариера има 28 победи и само два порази.