Aлкараз лесно во Токио, Синер се помачи во Пекинг

Најдобрите светски тенисери, Карлос Алкараз и Јаник Синер забележаа победи на своите турнри во Пекинг и во Токио, двајцата обезбедија место во четвртфналето.

Алкараз беше сигурен и лесно со 2-0 во сетови (6-4, 6-3) го совлада Белгиецот Зизу Бергс за еден час и 20 минути.

Синер имаше нешто повеќе проблеми бидејќи и загуби еден сет против Французинот Теренс Атмане 2-1 (6:4, 5:7, 6:0).

Синер првиот сет лесно го доби и доволен му беше само еден брејк, но потоа во финишот од вториот Атмане се разбуди и со пресврт го освои сетот за израмнување.

Сепак, во третиот фаворитот „додаде гас“ и лесно ја заврши работата.