
Борусија го држи чекорот со Баерн, славје и на Леверкузен (ВИДЕО)
Борусија Дортмунд на гости кај Мајнц славеше победа од 0-2, а натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога „милионерите“ ги постигнаа двата гола.
Прво Свенсон во 27-та минута го отвори резултатот, а потоа Карим Адејеми на пет минути пред крајот на првиот дел погоди за 0-2.
Во вториот дел работата на домаќините стана и потешка откако исклуче беше Зентнер во 67. минута. За Боруссија ова беше четврти триумф во низа по ремито во првото коло со што дојде до 13 бода, два помалку од лидерот Баерн.
Гостинска победа славеше и Леверкузен кој со 1-2 беше подобар од Сент Паули. Водство за Леверкузен во оваа средба донесе Тапосба по 25 минути игра, а по седум минути Вал стрелаше за израмнуваање. Моментот на одлука се случи по еден час игра кога Поку погоди за победа на фаворитот.
На преостанатите две средби, Хајденхајм со 2-1 го доби Аугсбург, додека Лајпциг на гости го совлаа Волфсбург со 0-1.
Фото: Borussia Dortmund