Брегалница реди победи, Слога Виница ја намачи Шкендија Арачиново

Денеска се играа натпревари во Втората македонска лига во кои и немаше некои преголеми изненадувања, но видовме и еден инцидент во Гевгелија.

Брегалница на свој терен славеше против Преспа со 2-0 и така врза пет победи во низа по ремито во првото коло. Штипјани се лидери на табелата со 16 бода.

Заад нив следи Шкендиј Арачиново која денес играше на стадионот на Шкупи и со 2-1 ја совлада Слога Виница.

Натпреварот помеѓу Кожуф и Скопје заврши без победник 1-1, но тука видовме и несакани сцени кога во второто полувреме средбата беше прекината на 15-тина минути откако настрада еден од гостинските фудбалери.

Најубедлив во денешните средби беше Охрид кој со 1-5 го совлада Вардар Неготино. На останатите средби, Победа славеше со 1-0 над Горно Коњари, Детонит го доби Осогово со 0-1, додека Новаци и Каменица Саса го одиграаа единствениот натпревар без голови.

Колото се затвора со утрешниот натпревар помеѓу Тетекс и Беласица.