Дембеле откри кој му честитал прв по освојувањето на „Златната топка“

Францускиот фудбалер Осман Дембеле ја освои „Златната топка“ по неверојатната сезона во дресот на ПСЖ, а во разговор со медиумите откри кој прв му честитал за престижната награда.

Дембеле во гласањето освоил 1.380 бодови, со што го оставил Ламин Јамал со 1.059 поени зад себе, а по добивањето на наградата добил честитка од поранешниот соиграч Лионел Меси.

„Меси беше првиот кој ми честиташе за ‘Златната топка’“, откри Дембеле.

Фото: Ballon d'Or