Бекер го предупредува Јамал: Славата е опасна работа!

Тениската легенда, Борис Бекер го предупреди Ламин Јамал дека мора многу да внимава за да не „изгори“ од славата која се повеќе му го мати умот.

Откако дебитираше за Барса на 15 години, Јамал стана глобална ѕвезда. Пред да наполни 18 години колку што има сега, тој веќе ја освои Ла Лига и Европското првенство. Беше втор во трката за Златната топка, а втора година по ред го освојува трофејот за најдобар млад играч во светот.

Но, во последните месеци Јамал постојано е на насловните страници поради нефудбалски работи. Јавноста ја интересира со која манекенка од Онлифанс бил на одмор, имаше и контроверзна прослава на својот роденден со ангажирањето на џуџуња и девојки со големи гради.

Борис Бекер кој на 17 години го освои Вимблдон и ден денеска го држи рекордот за најмлад освојувач на овој турнир, има совети за Јамал.

„Ламан е прекрасен. Освојува се. Во моментов е најдобар млад играч на светот. Ме потсеќа на мене кога имав 17 години. Ѕвонат ѕвонците за возбуда. Само треба да видите низ што минува Ламин Јамал овие денови. Мислам дека има многу висок ризик да се соочи со одредени потешкотии за 10 или 15 години. Немаа многу, а сега негото семејство е многу богато. Многу луѓе му приоѓаат од интерес. Ја загуби целата своја приватност. Треба да има двајца или тројца сериозни луѓе околу себа. Мора да ги бира пријателите, да верува во своето семејство и да направи сигурносна мрежа“, вели Бекер.