„Не одете во Мајами, Меси и татко му се главни таму“

Малку познатиот полски фудбалер Матеуш Клих остро го искритикува Лионел Меси за своето влијание во Интер Мајами, клуб во кој Аргентинецот настапува од 2023 година.

Клих има 35 години, порано беше член на Лидс Јунајтед, а претходните две сезони ги помина во МЛС, во екипите на Ди Си Јунајтед и Атланта. На фудбалерите од Европа, тој им препорача да не одат во Интер Мајами додека е таму Меси.

„Не препорачувам да се оди во Интер Мајами, тоа е пропаст. Луѓе си заминуваат оттаму, тренери, физиотерапевти, во организациска смисла, клубот е многу лош. Суштински, таткото на Меси управува со Интер Мајами, таму сите зборуваат шпански јазик и ништо не може да се направи без одобрување на фамилијата. Покрај тоа, клубот е сместен на 45-50 минути надвор од Мајами. Ако некој сака да оди во МЛС, им ги препорачувам клубовите од Њујорк“, изјави Клих.

Неодамна Меси постигна согласност за продолжување на договорот со Интер Мајами на уште две години што значи дека ќе игра таму до 40-годишна возраст.