
Исповед на Руни: Пиев по два дена без пауза, да не беше сопругата, сега ќе бев мртов
Неколку години откако заврши со активно играње фудбал, Руни во поткаст на неговиот поранешен соиграч Рио Фердинанд откри со што се борел во животот.
„Имаше моменти кога одев предалеку и мислев дека нема враќање потоа. Вистината е едка не сакав, ниту можев повеќе да го поднесам тој притисок. Се сеќавам дека имаше денови кога морав да ставам капки за очи и да џвакам мастика за да не се познае дека сум пиел два дена без пауза. Да не беше сопругата покрај мене, веројатно сега ќе бев мртов“, призна Руни.
Неколку пати тој беше и пред развод со својата сопруга, англиските медиуми тврдеа дека има љубовници, но двојката и денес е заедно.