
Репрезентативците на Русија „заробени“ по украински напад со дронови на Волгоград!
Според руските медиуми, летот за Москва бил закажан утрово во 8 часот, но бил одложен поради безбедносни причини. Натпреварот против Иран заврши со победа на „зборнаја“, која поведе во 22. минута преку Дмитриј Воробјов по асистенција на Антон Миранчук. Гостите израмнија на стартот од второто полувреме преку Амирхосеин Хосеинзаде, но Алексеи Батраков со силен удар од 25 метри во 72. минута ја осигура победата на Русија.
Русите веќе со години се исклучени од натпреварувањата на ФИФА и УЕФА поради агресијата врз Украина.