САД го спасува Израел од фудбалска суспензија!

Израел барем засега нема да ја има судбината на Русија и да биде суспендиран од натпреварувањата на ФИФА и УЕФА, а причината за тоа е лобирањето на САД.

Од Обединетите нации беше побарано од ФИФА и УЕФА да го суспендираат Израел од сите фудбалски клупски и репрезентативни натпреварувања.

Според нив оваа земја треба да биде исклучена поради сериозни прекршувања на човековите права со нападите врз Палестина. 

УЕФА и ФИФА засега ги игнорираат ваквите барања, а светските медиуми пишуваат дека причина за тоа е лобирањето на САД кој е сојузник на Израел.

Израелската репрезентација и клубовите од оваа земја продолжуваат да се натпреваруваат како ништо да не се случува. Двојните аршини на фудбалските организации се очигледни, но засега тоа поминува.