
Селекторот на македонските одбојкарки стана тренер во Словачка!
По две години минати во финскиот клуб Вампула, Пауновиќ се сели во Нове Место каде ќе игра и нашата одбојкарка Ерјона Јонузи.
Покрај Пауновиќ и Јонузи, во словачкиот клуб оди и Татјана Поповиќ која ќе работи како статистичар. Таа е дел од стручниот штаб на македонската одбојкарска репрезентација.
„Нашата цел за оваа сезона е јасна, да креираме силен тимски идентитет, да играме на секој меч со пасија и дициплина и да растеме заедно. Да се бориме заедно до максимум“, изјави Пауновиќ за клупскиот сајт на Нове Место.