
Екитике се јави по глупавиот потег: Емоциите ме преплавија
Французинот влезе во игра во второто полувреме, но не го дочека крајот на мечот затоа што во 85. минута доби втор жолт и автоматски црвен картон. Двете јавни опомени му беа изречени поради глупости, прво шутна топка по свиреж на судијата, а потоа го соблече дресот откако го постигна победничкиот гол за својот тим. Неговиот потег дури и менаџерот Арне Слот го нарече глупав, па Екитике мораше јавно да се извинува и да објаснува што се случило.
„Бев возбуден бидејќи му помогнав на тимот да оствари нова победа, а воедно тоа беше и мој прв натпревар во Лига купот. Емоциите ме преплавија. Ѝ се извинувам на фамилијата наречена Ливерпул, им благодарам на навивачите на поддршката и на соиграчите на остварената победа“, напиша Екитике.
Тој нема да игра претстојниот викенд во Премиер лигата против Кристал Палас на гостински терен, но се очекува да биде во комбинација за мечот со Челси идната недела.