
Ѕид пред голот на Милан - четврти меч по ред не се тресе мрежата на Мењан (ВИДЕО)
Ова беше четврти меч по ред на кој „росонерите“ не примија гол од кои три во Серија А и еден во Купот. Такво нешто на Милан не му се случило од февруари 2023 година што е доволен доказ дека Алегри направил ѕид пред голот.
На домаќините им беше олеснета работата откако Лече во 18. минута остана со фудбалер помалку поради црвениот картон на Зиберт. Две минути подоцна Хименез го отвори резултатот, а во второто полувреме погодија и Нкунку и Пулишиќ за најубедлив триумф на Милан оваа сезона.