
Исак го отвори своето конто во дресот на Ливерпул (ВИДЕО)
Шампионот на Англија се среќава со Саутемптон во Лига купот и на полувреме води со 1-0, а стрелец на единствениот погодок беше новиот центарфор во тимот. Тој погоди во 43. минута, а 30-тина секунди претходно гостите имаа двојна стопроцентна шанса од која не успеаја да ја затресат противничката мрежа.
На голот на Исак му претходеше голем кикс на противничкиот голман кој му ја подари топката на Киеза, Италијанецот асистираше, а неговиот соиграч погоди од непосредна близина.