
Грабеж во Битола, судиите му поништија чист гол на Алкалоид! (ВИДЕО)
Натпреварот во целиот тек беше неизвесен, екипите се менуваа во водство, ниту еден тим не се одлепи, победник беше Пелистер со 29-28, но за ваквиот конечен резултат битолчани треба да им се заблагодарат на судиите.
На пет секунди пред крајот на натпреварот беше досуден прекршок за Алкалоид. Наместо пет секунди, времето беше наместено на три секунди. Со едно брзо додавање и шут од 10 метри, Тодор Аксентиев постигна убав гол за израмнување на резултатот. Топката ја мина гол линијата, ја допре мрежата кога се огласи звукот за крајот на мечот.
Судиите по кратко прегледување на снимката решија да го поништат израмнувачкиот гол на Алкалоид и да му ја дадат победата на Пелистер.