Две години агонија: Гави повторно мора на долга пауза

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Пабло Гави денеска е успешно опериран по повредата на коленото.

Младиот фудбалер имаше артроскопска интервенција за санација на повредата на медијалниот менискус, но сега го очекува нова, долга пауза. Според проценката на лекарскиот тим, таа ќе трае меѓу четири и пет месеци што значи дека за Гави оваа година е завршена и тој би се вратил во јануари или февруари. За сите во клубот тоа е непријатно изненадување бидејќи првичните прогнози беа дека Гави би паузирал максимум еден месец. Според неофицијални извори, докторот се шокирал кога видел во каква состојба е коленото на фудбалерот, па морал, освен менискусот, да интервенира и на лигаментите и на чашката. 

Со ова продолжува двегодишната агонија на шпанскиот репрезентативец кој доживеа тешка повреда во ноември 2023, на квалификациски натпревар за Европското првенство и оттогаш забележа само 28 настапи. Ако нема подобрување по оваа операција, во опасност ќе биде доведена и неговата кариера што е катастрофа ако се знае дека има само 21 година.