
Невидена глупост на Екитике: Даде гол и веднаш доби црвен картон (ВИДЕО)
Како што победуваше во првенството, тимот од Енфилд така триумфираше и денеска, со гол во последните десетина минути. Исак го отвори резултатот во 43. минута, Чарлс во 76. минута израмни на 1-1, а во 85. се случи најинтересниот момент на мечот. По една извонредна акција, Киеза му асистираше на Уго Екитике кој го постигна победничкиот гол и веднаш потоа мораше да замине во соблекувална поради црвен картон.
Французинот заборави дека има жолт картон, па по постигнатиот гол го соблече дресот и за тоа ја доби втората јавна опомена поради што беше исклучен. Дури и Фримпонг не можеше да верува што прави неговиот соиграч. За негова среќа, Ливерпул и со фудбалер помалку ја задржа предноста и се пласира во следната фаза.
Таму ќе биде и Челси кој со многу мака и пресврт во второто полувреме го совлада третолигашот Линколн со 2-1.