
Де Зерби: Дојдов во Марсеј за да го победам ПСЖ - не ги сакам!
По натпреварот италијанскиот стратег даде искрена изјава за тоа што мисли за ПСЖ.
„Една од причините поради кои дојдов во Марсеј беше да го победам ПСЖ бидејќи тие претставуваат моќ, а јас не сакам таква моќ. Тим кој со години освојува без вистински ривал. Тоа е нешто кое не можам да го прифатам“, рече Де Зерби.
Тоа беше првиот пораз за ПСЖ оваа сезона, поминаа само пет кола во француското првенство, а веќе нема непоразени.
Монако, ПСЖ, Лион и Стразбур имаат по 12 бодови, Лил има десет, а Марсеј и Ленс по девет.