Шокантно враќање на Тен Хаг во Премиерлигата!?

По неславната авантура во Баер Леверкузен, Ерик Тен Хаг би можел брзо да се врати на работа и тоа во Англија.

Тренерот кој минатата сезона доби отказ од Манчестер јунајтед, е блиску до враќање во Премиер лигата.

Според англиските медиуми тој е сериозна опција за тренерското столче во Вест Хем.

Се очекува наскоро Грем Потер да добие отказ поради лошите резултати на стартот од сезоната.

Неколку имиња се во комбинација за нов тренер на чеканите, а како најсериозни се Тен Хаг и Славен Билиќ.

Иронично, Тен Хаг заработи отказ од кормилото на Манчестер јунајтед минатата година токму по поразот од Вест Хем.