
Спахиу постигна два гола, но Вардар загуби од Престон Лајонс (ВИДЕО)
Престон Лајонс до водство стигнаа во 20. минута, но радоста на гостите не траеше долго затоа што „црвено-црните“ по одлична акција по корнер погодија преку Едиз Спахиуа за 1-1.
Гостите од Австралија одлично го отворија и вториот дел, па стрелаа двапати во период од 60 до 69. минута, по што Вардар преку Спахиу од пенал намали на 2-3.
Вардарци се обидуваа да стигнат и до трет погодок и израмнување, меѓутоа Престон Лајонс го казнија најтрофејниот македонски фудбалски клуб во судиското надополнување и ги поставија конечните 4-2.
Престон ќе одигра уште еден пријателски меч во Македонија за два дена против Пелистер во Битола.