
Реал нема да му понуди ни евро повеќе на Винисиус, Бразилецот ако сака може да си оди!
Бразилецот сака повеќе пари од тоа што му го нуди Реал Мадрид, па не потпишува нов договор. Но, тие пари кои ги сака можеби ќе ги добие на друго место, тоа нема да се случи во кралскиот клуб.
Новинарот Жозеп Педрерол вели дека Реал Мадрид го известил Винисиус Жуниор дека нема да ја промени последната понуда за продолжување на договорот, па Бразилецот или ќе треба да ги прифати овие услови или може да замине, па дури и беспари.
Агентот на Винисиус Жуниор оваа недела неочекувано пристигна во Мадрид на средба со раководството на Реал. Тој меѓудругото разговарал и за евентуалниот нов договор, но одговорот на клубот бил децидент, понудата која е веќе на маса, нема да биде зголемена ниту за едно евро.
Кралевите дури се подготвени да го остават Винисиус Жуниор да замине беспари летото во 2027, со оглед на тоа што потрошија само 45 милиони евра за негов ангажман.
Винисиус под водство на Чаби Алонсо не е секогаш стартер на натпреварите, а нема одиграно 90 минути ниту еднаш.