Вирц тргна лошо во Англија, но Германецот не ја губи вербата во себе!

Флоријан Вирц пристигна како мега засилување во Ливерпул и пред да се случи трансферот на Исак тој го држеше рекордот, но она што го покажува на теренот е разочарување за навивачите.

Поминаа седум натпревари, Вирц нема ниту гол, ниту асистенција. Но, тој не ја губи вербата, верува во себе и знае дека ќе дојдат подобри денови.

„Се разбира дека би сакал да имав постигнато гол или собрано неколку асистенции. Но без разликата на тоа што некои зборуваат, јас останувам мирен“, вели Вирц.

„Знам што можам, и знам дека тоа ќе го покажам на теренот во иднина“.