Ѓорѓиев: Условите и организацијата се фантастични, верувам во успешна сезона!

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓииев, денеска како големо засилување беше претставен во редовите во романскиот Рапид Букурешт, а веднаш потоа ја даде и првата изјава.

Ѓорѓиев во Рапид пристигнува од турската одбојка каде што настапуваше во дресот на Турсад.

„Одлично се адаптирам во клубот и во новата средина. Се приклучив на екипата на стартот на подготовките на планина и по две седмици минати таму, сега сме во Букурешт каде продолжуваме со работа. Мал пех ни прави отсуството на дел од играчите, кои имаат репрезентативни обврски со настап на СП, но до крајот на оваа недела се надевам ќе се комплетираме затоа што следи најважната фаза – воигрувањето.

Периодот до почетокот на романското првенство на 18 октомври ни престојат три силни турнири во Брашов, Галаци и Залау. Имаме одлични услови за работа, фантастична организација и атмосфера има во клубот и верувам дека ги имаме сите предуслови за добра и успешна сезона“, порача Ѓорѓиев.

За Ѓорѓиев Романија е деветтата различна земја во кариерата, откако претходно настапуваше и во Србија, Италија, Турција, Јапонија, Полска, Германија и Словенија.