Паника во Арсенал: Мадуеке се повредил, ќе паузира неколку недели!?

Арсенал во дербито против Манчестер сити освои само бод, а по натпреварот пристигнале лоши вести за тренерот Микел Артета.

Англискиот репрезентативец Нони Мадуеке се здобил со тешка повреда, а медиумите пишуваат дека ќе пропушти голем дел од сезоната.

Мадуеке, наводно, ги повредил предните вкрстени лигаменти на коленото, а тоа е една од најтешките повреди во светот на спортот и поради тоа ќе паузира подолг период.

„Топчиите“ засега не ја потврдуваат информацијата, односно по дополнителните медицински прегледи се очекуваат повеќе детали за повредата на Мадуеке.

Фото: Arsenal FC