Хорнер доби отказ од Ред Бул, но и отштета од - 60 милиони евра!

Кристијано Хорнер доби отказ од Ред Бул по лошите резултати на екипата, но нема премногу да жали затоа што му следи голема отштета од 60 милиони евра.

Ред Бул во официјалното соопштение не откри детали, но извор близок до тимот за „Би-Би-Си“ кажал дека Хорнер добил полна сметка.

Хорнер имал годишна плата од 12 милиони евра и договор кој важеше до 2030 година, но затоа што беше раскинат пет години порано, Ред Бул морал да му ја исплати целосната сума.

Поранешниот шампион во конструктори претходно остана и без шефот за дизајн, Адриан Њуи кој е еден од најдобрите во историјата на „најбрзиот циркус“ во светот.