Фиорентина повторно разочара: Комо со пресврт ја покори Фиренца (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо триумфираа со 2-1 против Фиорентина во четвртото коло од италијанската Серија А.

Фиорентина постигна гол по само шест минути игра преку Мандрагора со што стигна до посакуваното водство, па успеваше да одржи баланс до крајот на првите 45 минути.

Проблемите за тимот од Фиренца почнаа во второто полувреме, кога Комо ја презема контролата врз средбата и создаде дури 14 шанси од кои пет беа опасни.

Комо успеа да реализира две од опасните шанси, и тоа најпрво преку Кемф во 65. минута, а потоа преку Адаи во судиското надополнување за целосен пресврт (2-1).

Standings provided by Sofascore