Кореографија со луѓе на „Комити“: Строј - а не број! (ФОТО)

Вардар и Работнички одиграа возбудливо прво полувреме (1-1) на Националната арена „Тодор Проески“, а повторно на трибините главни беа „Комити“ кои за првпат имаа кореографија со луѓе.

„Комитите“ запалија факели на трибините и за првпат се појавија со нова кореографија, при што поставија и транспарент на кој пишуваше „Строј - а не број“.