Интер го најде лекот за Сасуоло и им се врати на победите (ВИДЕО)

Поранешниот италијански шампион Интер конечно го најде решението против незгодниот Сасуоло и славеше со 2-1 и со тоа им се врати на победите во Серија А.

Сасуоло беше кошмар за „нераѕурите“ минатата сезона, откако Интер загуби два пати (0-1 и 1-2), но затоа овој пат тренерот Киву го најде лекот за противникот.

Димарко беше стрелец на првиот, а Карлос Аугусто на вториот гол за гигантот од Милано, додека Сасуоло постигна почесен погодок до крајот на мечот.

Standings provided by Sofascore