Вардар го доби градското дерби со Работнички и го презема врвот во Првата лига (ФОТО)
Работнички успеа да ги шокира „црвено-црните“ по само седум минути игра кога Трајков му асистира на Имери за предност од 1-0.
Вардар почна да се заканува по лошиот старт, па неколку добри шанси имаше преку Мато, Омерагиќ и Данев, но голманот Василев беше на висина на задачата.
„Црвено-црните“ конечно до израмнување стигнаа во 40. минута кога Давид Бабунски од пенал стрелаше за 1-1.
Црвениот картон на Демири предизвика проблеми во редовите на тимот од Дебар Маало, а набрзо стигна казната преку Кастанеда кој стрелаше за целосен пресврт.
Победата за најтрофејниот македонски фудбалски клуб ја запечати Мато со прекрасен гол за 3-1, а до крајот на средбата Вардар имаше уште неколку шанси, но резултатот не се менуваше.
По оваа средба, Вардар се наоѓа на првото место со 19 бодови, односно три повеќе од Струга, додека Работнички е претпоследен на табелата со само четири освоени поени.